Македонија
28. July 2023 - 18:07

Тешка сообраќајка во Штип - Повредено едно лице

Тешка сообраќајна несреќа се случила на булеварот Партизанска во Штип. Несреќата се случила меѓу две возила марка „пежо” и „фиат”. 

Според првичните информации од страна на портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, повредено е едно лице. Повредениот е 51-годишниот возач од Скопје и е хоспитализиран во Клиничката болница – Штип.

Во тек е увид од страна на истражните органи.