Тешка сообраќајка: Во судир на два автомобили тешко повреден пешак

Во текот на вчерашнит во 14:25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Марино се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “Застава 101“ со скопски регистерски таблици, управувано од Т.С.(71) од Скопје и паркирано товарно моторно возило “Волво“ со регистерски таблици на Македонска Каменица, во која повреден бил и пешакот Б.М.(39) од Македонска Каменица.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош помош Т.С., пешакот Б.М. и сопатничката од возилото “Застава 101“ В.С.(76) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, каде од страна на лекар на Т.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на пешакот Б.М. и сопатничката В.С. телесни повреди. На местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
