Тешка сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион со над 60 повредени во Романија | ВИДЕО
Над 60 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион во округот Телеорман во јужна Романија. Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција, пренесува Аџерпрес.
Сообраќајната несреќа се случила утринава на Е70, меѓу градовите Бујорени и Прунару. Досега во болница се пренесени четири лица.
На терен се оперативни екипи со две противпожарни возила, две камиони, осум екипи на Мобилната служба за итни случаи за реанимација и вадење луѓе (СМУРД) и 14 возила на брза помош. За поддршка на силите се побарани два хеликоптери СМУРД.
Надлежните побараа помош и на локално ниво – од Ѓургево: Обидете се да спасите што повеќе луѓе, пренесува БТА.
Автомобилскиот сообраќај во реонот на несреќата е блокиран. Интервенцијата за гаснење на пожарот предизвикан од камионот продолжува.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух