Тешка сообраќајна несреќа во близина на Виница
На 20.11.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на локалниот пат за с.Блатец, кај место викано „Ревиро“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(36) од с.Блатец, виничко и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(41) од с.Вељуса, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле возачот Т.М. и тројца сопатници од истото возило - Г.Р.(41) од с.Покрајчево, радовишко, Д.Ј.(43) од Виница и З.Ј.(34) од с.Ангелци, општина Василево, констатирани во Медицинскиот центар во Штип и Општата болница во Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари