-->
-->
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, повредени повеќе лица
-->
Вчеравечер (11.11.2021) околу 23.00 часот на крстосница на бул.„Илинден“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Н.Л.(26) од Скопје и патничко возило „шкода“, управувано од И.Ј.(31) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со повреди се здобил возачот Н.Л., а со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Г.А.(30) од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот И.Ј. и неговите сопатници И.Ч.(28) и Н.Ј.(28), двајцата од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”