Македонија
16. October 2023 - 12:44

Тешко повреден 67-годишник откако излетал од коловозот

На 15.10.2023 во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека кај с.Оптичари, битолско, на патот Битола-граница со Република Грција, патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(67) од Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата, сопатничката З.П.(84) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, соопшти МВР.