Македонија
16. April 2023 - 11:52

Тешко повреден велосипедист во Скопје откако маж со „мерцедес“ удрил во него

На 15.04.2023 во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(52) од Скопје, удрило во велосипед управуван од З.П.(54) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.  Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.