Тетовчанка нашла ВИСА картичка и ја испразнила со пазарање на интернет
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено навлегување во компјутерски систем“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Љ. (20) од Тетово.
Пријавената, казненото дело го сторила на четврти јануари годинава, со цел стекнување противправна имотна корист. Таа од сопствениот лап топ компјутер, од својот дом во Тетово неовластено навлегла во електронскиот систем на изгубена „VISA Elektron“ платежна картичка издадена од НЛБ Тутунска банка АД Скопје -Експозитура Кичево, регистрирана и сопственост на жител на кичевското село Трапчин Дол.
Пријавената, тоа го направила откако претходно во Тетово случајно ја забележала платежната картичка што вистинскиот сопственик ја загубил.
Сега пријавената А.Љ. го искористила бројот и кодот од пронајдената платежна картичка и со 33 временски поврзани електронски трансакции извршила трансфер на парични средства кон правното лице “Ali Express“ ,во вкупен износ од 11.142 денари.
Ново на Сител
-
Македонката Наташа Соврановски која исчезна во Германија е пронајдена мртва
-
АХВ: Спроведени вонредни контроли и во Кавадарци
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците
-
Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна
-
Знаци што телото ги праќа ако се внесува премногу додаден шеќер
-
Австралијката МекКион постави светски рекорд на 100 метри грбно
-
Трет пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони
-
Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи