Тетовец погоден од залутан куршум во глава додека возел

З.П.(28) од Тетово денеска околу 15 часот бил повреден од заталкан куршум додека го управувал неговиот автомобил Ситроен Ц4, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Инцидентот се случил на булеварот „Илинденска“ во Тетово при што З.П. слушнал удар на покривот од автомобилот и почуствувал болка на главата односно рана од која крварел. По запирањето со возило, тој бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по укажната лекарска помош бил пуштен на домшно лекување.
Во Ситроенот покрај сега повредениот била и неговата сопруга С.П.(25) и нивното бебе. Увид на местото на настанот по овластување на јавен обвинител извршила екипа од СВР Тетово при што бил утврден отвор на покривот од автомобилот над возачкото седиште додека на подот од возилото зад возачкото седиште бил пронајден проектил со калибар од 7,62, милиметри.
Според досегашните информации од истрагата, најверојатно станува збор за заталкан куршум. Се преземаат мерки да се утврди кој и од каде пукал, како и се друго за ресветлување на случајот, посочи Јосифовски.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
