-->
-->
Тетовец поради претекнување добил ќотек
-->
Вчера во 17.10 часот И.К.(47) село Раковец пријавил физички напад извршен врз него на регионалниот пат село Пирок - Тетово од страна на непознато лице кое управувало патничко моторно возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки.
Имено пријавителот околу 16,30 часот движејќи се со своето такси Комбе по регионален пат село Пирок - Тетово, кај село Боговиње го претекнал возилото„Опел“ по што лицето му го блокирало патот излегло од возилото и физички го нападнал И.К. упатувајќи му навредливи зборови.
На И.К. му е укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово
-
Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите
-
МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници
-
Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна
-
По речиси 22-часовна седница пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025
-
Макрон најави нов самит за Украина следната недела
-
Голем пожар во Лондон
-
Студено утро, преку денот претежно сончево