Тетовец соголен, му украдоа 70.000 евра
Четириесет илјади евра, десет часовници и разновиден златен накит штета како последица на тешка кражба во неговиот стан пријавил И.А.(37) од Тетово во полиција, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Првичните проценки се дека вкупната материјална штета од оваа кражба е околу 70 илјади евра.
Според пријавата на И.А. тешката кражба во неговиот стан на улица „Благоја Тоска“ во Тетово ја извршиле засега непознати сторители најверојатно помеѓу понеделник и вторник.
- Крадците го искористиле отсуството на домашните во овој период, насилно ја отвориле металната блиндирана врата, целосно ги пребарале сите простории во внатрешноста и од црна пластична кутија во гардероберот во спалната соба одзеле 40 илјади евра во апоени од 50, 100 и 200 евра. Покрај тоа одзеле и десет часовници од познати марки и разновиден златен накит. Со одземеното незабележани од никого го напуштиле станот, рече Јосифовски.
Полицијата извршила комплетен увид при што биле пронајдени и подигнати траги за вештачење и презема мерки и активности за откривање на сторителите и за утврдување на вкупната материјална штета.
Ново на Сител
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови
-
Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради
-
Митрополит г. Петар: Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени