Тетовската пожарна со две интервенции во првите два дена од новата година
Тетовските пожарникари во првите два дена од оваа година се соочија со два пожари на двата најголеми булевари. На 1 јануари, околу 40-тина минути по полноќ пожар избувна во просториите на поранешното претријатие за јавен превоз „Полет“.
– Кога сите се радуваа на Новата година, за нас работно почна годината со овој пожар. Веднаш беше ставен под контрола и целосно локализиран. Девет пожарникари спречија поголема катастрофа, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.
Вчера околу 17 часот и 40 минути на булеварот „Маршал Тито“ започнал пожар во возило во движење.
– Пожарот избувнал во „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(29) од тетовско Селце. Нема повредени лица. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, информираат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето