Тетовско семејство изработува и донира бесплатни маски
Модното ателје и кројачка работилница на семејството Илјази од Тетово деновиве изработува и доделува бесплатни заштитни маски за на лице на луѓе. Ги даваат на луѓето кои немаат доволно пари за да купат, како и поради тоа што тешко се наоѓаат.
– Нашето семејство во ателјето одлучи да произведуваме маски поради Ковид 19. Идејата дојде спонатно, заедно со мојата фамилија, има луѓе што им требаат маски, а немаат пари да купат и ги нема во патеките. Затоа ние секој произведуваме по 200 маски и ги даваме бесплатно, вели Крешнике Илјази.
Според неа, маските може да дезинфицираат.
![]()
-Маските се од материјал 100 отсто отсто памук и се стерилизираат со пеглање. Има во внатрешноста и додатно место за џеб каде може да се стави влажна марамче за додатна сигурност, објаснува Крешнике.
Од семејството велат дека кога се разбрало низ градот некои бизнисмени им донирале и на нив средства и суровини за уште повеќе да имаат материјал за правење на вакви маски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
