Тевдовски: ЕБОР заинтересиран за инвестирање во гасоводната мрежа

Два крупни проекта од областа на гасификацијата најави министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Јордан. Првиот се однесува на изградба на секундарна гасоводна мрежа во општините, а вториот за изградба на магистрален гасовод меѓу Македонија и Грција. ЕБОР е заинтересирана за финансирање на двата проекта.
- ЕБОР во моментот финансира два проекта во областа на енергетската инфраструктура во Македонија. Планираме во блиска иднина, да ги зголемиме капиталните инвестиции, пред се во енергетиката. Тука зборувавме и имаме начелна согласност за учество на ЕБОР во два значајни проекта. Првиот е за изградба на секундарна гасификациска мрежа во повеќе општини во различни региони. Големината на проектот е проценета на околу 50 милиони евра. Покрај кредитна линија за овој проект побаравме и грант средства кои треба да обезбедат и изработка на техничка документација на проектот, рече министерот за финансии Тевдовски.
Тевдовски посочи дека вториот проект од областа на гасификацијата за кој се дискутирало на средбите е интерконекција со гасовод на Македонија и Грција.
-Тоа е важен проект. Веќе имаме добиено писмо за интерес од страна на Европската инвестициска банка за финансирање на проектот, а има интерес и од грчката страна за негова реализација, истака Тевдовски.
Денеска во рамки на Годишните средби на ЕБОР, министерот Тевдовски учествуваше на Тркалезната маса на Бордот на гувернери. Тевдовски оствари и повеќе билатерални средби. Фокусот на дискусијата е реализација на тековните, но и договарање идни проекти.
Ново на Сител
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
-

Во првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори
-

Одземени шест лиценци на компании за одгледување кабанис, Мицкоски очекува тој број да се зголеми во следниот период
-

МВР: Уапсена Ј.Ѓ. (27) од кривопаланечко, попречувала инспектори на АХВ да одземат крави
-

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние што сакаат да го видат мојот политички крај
-

Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ
-

Кривична за Фатмир Дехари и две други лица, го оштетиле буџетот на Кичево за 1.400.000 денари
