-->
-->
Тигар уби чувар во Зоолошката градина во Полска
-->
Еден суматарски тигар од Зоолошката градина во полскиот град Вроцлав, утрово нападнал и убил еден од чуварте во текот на рутинското чистење на неговиот кафез, соопшти портпаролот на локалната полиција, Камил Ринкјевич.
Според наводите на локалната телевизија ТВН 24, чуварот имал 20-годишно искуство во водење сметка за тигрите.
Обвинителството започна истрага за случјот, а директорот на Зоолошката градина најави дека ќе оддржи прес-конференција во врска со овој настан во текот на денов.
Инаку, Зоолошката градина во Вроцлав, од утре треба да биде домаќин на Меѓународна конференција на директори во зоолошки градини од Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание