-->
-->
Тилерсон: САД имаат отворени канали за комуникација со Северна Кореја
-->

САД имаат отворени канали за комуникација со Северна Кореја и истражуваат дали режимот е подготвен да пристапи кон преговори за откажување од нуклеарната програма, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за време на неговата посета на Кина.
- Се обидуваме, останете вклучени. Баравме, имаме линии за комуникација со Пјонгјанг. Не сме во мрачна ситуација, имаме два-три отворени канали кон Пјонгјанг. Можеме да разговараме со нив и веќе разговараме, истакна Тилерсон пред новинарите во Пекинг по разговорите со кинеските високи претставници.
Запрашан дали Кина е посредник во контактите, тој одговори дека САД имаат сопствени канали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
