Тилерсон: САД ќе се борат за елиминирање на терористичките закани
САД ќе продолжат со борбата за елиминирање на терористичките закани, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пред почетокот на средбата со белгискиот министер за надврешни работи Дидие Рејндерс.
По повод вчерашниот напад во Њујорк, извршен од страна на припадник на групата Исламската држава (ИД), што американските власти го оквалификуваа како терористички чин, Тилерсон наведе дека светот „повторно го виде злобното лице на тероризмот, лице кое не познава граници“.
- Ја поздравуваме и ја цениме цврстата поддршка на сите наши партнери во глобалната борба против тероризмот и ќе ја продолжиме таа борба за да ги елиминираме тие закани, нагласи државниот секретар на САД.
Според првичните податоци од осуммината загинати во нападот во Менхетн, еден е белгиски државјанин, додека петмина се Аргентинци. За тројца од 11-те повредени, исто така е соопштено дека се Белгијци.
- Освен за борбата портив меѓународниот тероризам, треба да воспоставиме и добра практика за борба против редикализацијата и тероризмот кои се развиваат во самите земји, нагласи Рејндерс.
Тој оцени дека меѓународната заедница заедно може „да се справи со глобалните предизвици“.
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница