Тимоние: Компромисите треба сами да ги постигнете

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вечерва изјави дека разговорите за процесот Жан Моне во моментов се прелиминарни и оти за нив треба да се согласни сите политички партии.
- Ние посакуваме Собранието овде да функционира, затоа што во моментов не функционира така добро како што би требало. Јасно е дека треба да се најдат начини повторно да се најде довербата меѓу политичките партии, но и методи за да може подобро да се работи заедно, рече Тимоние во интервју за Телма.
Потешкотијата за работење заедно, како што кажа, не е нова затоа што постоела и во претходниот парламентарен состав, како и во актуелниот.
- Вие треба да ги најдете решенијата бидејќи идејата е Македонија да влезе во ЕУ каде што постојано се постигнуваат компромиси. Првата работа што треба Македонците да ја направат е да се обидат прво меѓу себе да ги најдат компромисите или методите за работа за една парламентарна демократија која што би била функционална. Ние може да интегрираме само една функционална демократија, истакна францускиот амбасадор.
За тоа дали на евентуалните разговори во куќата на Жан Моне кај Париз би се направил обид за компромис за спорот со името, Тимоние рече дека за тоа може да се прават голем број шпекулации.
- Ако треба да се направи таа средба надвор од земјата тоа значи дека е неопходна дискреција поради причини кои можеби јас не ги знам. Но ако сакаме овој проект, кој што е добронамерен, да успее би било опасно да биде под лупата на телевизиите и на новинарите, посочи Тимоние.
Смета дека политичките партии и пратениците, кои што се платени за тоа од страна на граѓаните, треба да најдат начин самите да зборуваат, затоа што Македонија не е во граѓанска војна.
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
