Тимоние: Што побрзо да се најде решение за политичката состојба
Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска во Битола изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се наоѓа Македонија.
- Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е. Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека, истакна Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање.
Амбасадорот Тимоние, кој во Битола се обрати на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“, посочи дека Француската амбасада има тесна соработка со Секретаријатот за европски прашања и оти Франција назначила технички експерт кој работи во рамките на СЕП за да помогне за што поголема искористеност и пристап до ЕУ-фондовите.
- Но за тоа е потребна влада што ќе ја спроведува потребната динамика, а административната празнина што постои во моментов, не ни помага во работата, нагласи францускиот амбасадор Тимоние.
Ново на Сител
-
Последен ден од Минхенската безбедносна конференција
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Протестен марш „Кој е следен“
-
Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
-
Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи
-
Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот