Тимови на Државниот пазарен инспекторат го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека од денеска негови тимови на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одлуката на Владата со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти во трговија на големо и 15 проценти во трговија на мало, која ќе важи од денеска до 15 септември 2025.
- Согласно одредбите на Одлуката, правните субјекти се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 1 јуни 2025 година, цена која се зема како базична и на која се утврдува намалувањето. Потоа, пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе”, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%, соопшти ДПИ.
Инспекторатот укажува дека негови тимови во наредниот период ќе ги контролираат правните субјекти на целата територија на државата и ќе постапуваат согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите.
- Апелираме до трговците да се придржуваат до одредбите на владината Одлука. Казните се движат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот, а за целосно непочитување на одлуката предвидена е мерка - привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена, наведува Државниот пазарен инспекторат.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
