Тинејџер остана без возачка дозвола 49 минути откако ја добил
Осумнаесет годишен Германец ни еден час не успеа да ја задржи својата возачка дозвола, бидејќи 49 минути откако ја земал за прв пат, полицајците му ја одзеле поради пребрзо движење.
Додека се враќал откако ја земал својата дозвола, тинејџерот бил запрен од полиција бидејќи било измерено дека тој возел речиси два пати побрзо од дозволеното.
Во зона каде максималната дозволена брзина била 50 километри на час, тој возел со 95 километри на час.
- Некои работи се вечни, а некои траат само еден час, напишала полицијата во соопштението.
Во автомобилот со момчето се наоѓале уште четворица негови пријатели, па од полицијата мислат дека тој се обидувал да ги импресионира.
Официјално му е забрането да вози 4 недели, но полицајците додаваат дека возачката довола ќе ја добие повторно дури откако ќе земе нови часови за возење, а ќе мора да плати и казна од 200 евра.
Ново на Сител
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции