Тинејџерка ги тужи родителите поради фотографии објавени на Фејсбук

Една Австријка ги тужи своите родители, затоа што на Фејбук објавиле нејзини фотографии од детството.
Оваа 18-годишна ученичка од австриската покраина Корушка се изнервирала, затоа што нејзините родители од 2009 година, па досега поставиле повеќе од 500 фотографии од нејзиното детство на Фејсбук.
- Иако јас тогаш имав 11 години, тие, поставиле фотографии од кога сум била бебе. Не се засрамиле и немаа граници за тоа. Дали седам на нокшир или сум гола во креветче, секој мој чекор е фотографиран и дополнително објавен, обвинува девојката.
Покрај тоа, како што истакнува, родителите никогаш не ја прашале дали за неа тоа е во ред.
- За жал, ги видов тие фотографии кога на 14 години сама отворив Фејбук, објасни таа додавајќи дека нејзините родители тогаш веќе имале 700 пријатлеи кои секојдневно можеле да ги гледаат нејзините слики од детството.
Кога од нејзините родители побарала да ги избришат објавените 500 фотографии, тие го одбиле тоа.
Затоа таа вели дека немала друга можност, туку да ги тужи родители, на кои им се заканува парична казна во висина меѓу три и десет илјади евра, поради кршење на законот за заштита на лични податоци.
Ново на Сител
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
