Тинејџерка загина во када: Сакала да слуша музика додека се бања - плати со животот

Медисон (14) сакала да слуша музика на телефонот додека се бањала, но воопшто не сонувала дека тоа ќе го плати со животот. Девојчето ја наполнило кадата, а покрај неа ги ставила телефонот на полњач. До незгодата дошло кога телефонот паднал во кадата. По трагите на раката се гледа дека се обидувала да го исфрли и од тоа загинала.
Медисон сакала кошарка и музика и била среќно девојче, според зборовите на нејзината баба. Да постоеше свест за тоа колку и обичните полначи за телефон може да бидат опасни, таа денеска ќе беше жива. Многу луѓе кои учествувале во растењето на малата Медисон, наставници и професори, како и другари од училиштето, се јавија за да изразат сочуство, со ветување дека нема да ја заборават.
Тие се и заслужни што веста за нејзиниот несреќен случај се рашири по интернет, што може некому да му спаси живот.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
