Тирана загрижена за состојбата на северот на Косово
Реагирајќи во врска со тензичната ситуација во северот на Косово официјална Тирана изразува загриженост и оценува дека дијалогот е поважен од кога било.
Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, синоќа преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог”.„Загрижени од случувањата на северот на Косово. Повлекувањето од косовските институции е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог. Ова не е моментот за откажување и бојкот. Ова е момент кога дијалогот е потребен повеќе од кога било“, напиша Џачка на Твитер.
Вчера телефонски разговор остварил претседателот Бајрам Бегај со неговата косовска колешка Вјоса Османи.
-И ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО, напиша Бегај.
Тој нагласува дека “останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан”.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
