-->
-->
Точно напладне извлекување за ЛШ
-->

Точно на пладне во Нион ќе биде извршена ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите. Пласман во нокаут-фазата изборија 16 екипи, на ждрепката ќе бидат поделени во две групи, носители или неносители.
Статус на носители имаат победниците на групите: Ајакс, Баерн Минхен, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Реал Мадрид.
Преостанатите тимови се: Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг Лисабон и Виљареал.
Екипи од иста земја нема да можат да играат меѓусебе во осмина-финалето, исто така не можат да играат тимовите кои беа во иста група.
Домаќини во првите натпревари ќе бидат неносителите.
Првите натпревари на програмата се на 15 и 16, односно 22 и 23 февруари, а реваншите ќе се одиграат на 8 и 9, односно 15 и 16 март.
Сите натпревари ќе се играат во терминот од 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
