Том Харди: Не сум секс симбол, имам криви нозе и заби

Холивудскиот актер Том Харди (39) не знае да прифати комплимент, бидејќи му е непријатно кога ќе го наречат секс симбол.
- Имам неразвиени раце, криви нозе и заби, а исто така „си раснам и стомаче“, изјави Британецот.
Актерот, кој ја сними историската хорор серија „Табу“ со режисерот Ридли Скот, тврди дека повеќе му се допаѓаат несовршени тела, бидејќи имаат повеќе карактер, па не полага внимание на холивудските критериуми за убавина.
Тој неодамна го критикуваше и изборот на глумци за „супер-херои“.
- Апсолутно сите изгледаат како да се на веганска диета и постојано се во фитнес-центар. Изгледаат како да тренирале со маринци, а секогаш се со морална вертикала и живеат безгрешни животи. Тогаш ги ставаат во ситуација во која мора да се борат против некоја опасност - која воопшто не е опасна, одговори глумецот кога го прашаа зошто одбива улоги на супер-херој. Тој вели дека таквите улоги ги смета за бескрајно здодевни.
- Позабавно ми е да играм анти-јунаци, вели Том Харди.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Гинекологија
-

САД ја нападна Венецуела и го зароби Мадуро
-

16-годишниот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар
-

Семејството Арслани бара правда за 2 годишното дете кое почина по повреда за новогодишната ноќ
-

Две лица загинаа, откако со возило излетаа во Радика: Низа сообраќајни несреќи поради замрзнати коловози
-

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
-

Мицкоски: Забрзано се спроведува реформската агенда што ја бара Брисел
-

Опозицијата предвидува тешка 2026 година и избори, премиерот одговори: Внимавајте што посакувате
