Томовски: Директорите во М НАВ ја чинат државата над 630.000 евра за еден мандат
Аферата Паразити продолжува во М НАВ. Покрај Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски, плата од 3.000 евра месечно зема и Миѓен Салмани, член на Управен Одбор и Извршен Директор за финансиски работи, за правни работи, развој и инвестиции во М НАВ.
Салмани за една година од М НАВ зема и до 36.000 евра, а за еден мандат ќе наплати 144.000 евра.
Кој е придонесот на Салмани, за оваа висока плата? Што направил Салмани за да ги одработи тие 3.000 евра месечна плата?
Салмани, заедно со Фехрудин Хамиди и Владо Крстевски, го чинат државното М НАВ над 630.000 евра за плати за време од 4 години.
Да, над 630.000 евра за 4 години ја чинат М НАВ овие тројца директори, а никој не знае кој е нивниот придонес.
Дел од Паразити е и Фестим Халили, директор на ФИТР, тој месечно зема плата од 1.000 евра. А за еден мандат тоа се речиси 50.000 евра.
Кој е бенефитот за Македонија од работата на Халили?
Со плата иста како Халили е и Љубе Бошкоски, кој зема 50.000 евра за еден мандат, а резултатот од неговото работење како советник во владата никој не го знае.
Аферата Паразити покажува десетици функционери именувани од владата како земаат десетици илјади евра на име плата, а притоа немаат никаков резултат, со што би ги оправдале така високите примања, додека народот гладува.
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
