Свет
9. December 2015 - 18:21

Тони Абот: Исламот мора да се реформира

Поранешниот австралиски премиер Тони Абот изјави дека „исламот мора да се реформира и да спроведе своевидна религиозна револуција“.

Во авторски текст во весникот „Њуз корп„ тој пишува дека „исламот се соочува со огромни проблеми“  и притоа му забележува на Западот за своето однесување кон актуелните сотојби, порачувајќи дека треба да се престане со „извинувањето за тоа што ги брани западните вредности“.

Изјавата и коментарите на Абот предизвикаа критики во дел од автралиската политичка јавност.

Лидерот на опозцијата, Бил Шортен смета дека изјавата на доскорешниот премиер е контрапродуктивна.

Актуелниот премиер Малколм Тарнбул порача дека големото мнозинство од муслиманите (во Австралија) се „престрашени од екстремизмот„.

На едно предавање во Перт, тој директно не го спомена Абот и не зборуваше за неговите коментари, но рече дека „сега е многу важно да не се направи грешката, што ја поскауваат терористите„, со третирањето на сите муслимани како одговорни за криминалното  однесување на терористите.

Тони Абот во својот напис и самиот е против демонизирањето на муслиманите, но смета дека Западот не може да отфрла дека во исламот постојат сериозни проблеми, како и дека сите култури не се исти.

Абот беше сменет од премиерската функција во средината на септември, со партиски пуч во неговата Либерална партија, што го спроведе тогашниот министер, а сега премиер и лидер на партијата Тарнбул.