-->
-->
Тони Цетински ќе оди во затвор
-->
Општинското државно обвинителство покрена обвинение против Тони Цетински, а истото е потврдено. Сообраќајната несреќа во Ровињ во 2017 година во која настрадат пешак, покрај траума, за пејачот ќе донесе и затвор во случај да се докаже дека е виновен, и тоа во времетраење од 1 до максимум 8 години за ова кривично дело.Според обвинението, Цетински предизвикал несреќа со смртни последици од невнимание кршејќи ги прописите за безбедност и сообраќај. Според одредбите на Казнениот закон, во случај со правосудна пресуда да му се докаже вината, му се закануваат од 1 до 8 години затвор.
Тони вели дека неизмерно жали поради тоа што се случило. но се труди и понатаму нормално да живее и да функционира, и покрај болката која ја нанел на починатиот 62-годишен Ибрахим Кевљанин.
Она што потешко ми паѓа од било каков судски процес, е осудата и јавниот линч за самиот факт дека сум учествувал во таква несреќа која остави длабока траума првенствено за семејството, но и на мене и моето семејство и покрај тоа што се трудам и понатаму да функционирам, да работа, да живеам, не е лесно но се мора – изјавил пејачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
