Топ листа на смартфони со најдобра камера
Прашање кое е секогаш актуелно, и важно им е на многу корисници е – кој смартфон прави најдобри фотографии? Во тоа ќе ви помогне DxOMark кој ја направи таа проценка за вас.
Кој е DxOMark?
Основани се 2008 година, но вистински пробив на пазарот на паметните телефони доживуваат дури последните неколку години. Станува збор за независна екипа на која нема влијание ниту еден производител на паметни телефони, а која стручно ги тестира, оценува и рангира квалитетот на фотографиите, леќите и видеата на паметните телефони. Се водат од многу строги научни протоколи и тестирањата ги вршат во посебни лабораториски услови, така што резултатите на DxOMark многу луѓе ги сметаат и за најточни податоци кои можат да се пронајдат. Поголем број на нивните топ листи означува подобар квалитет на сликата.
Како што квалитетната фоторафија им станува многу важна на корисниците на смартфони, така сè почесто се следи рангирањето кое го прават од DxOMark после споменатите тестови и мерења. За смартфоните често знаеме да кажеме дека и со послаб телефон во стручни раце можат да се направат квалитетни фотографии, но ако не сакате да се мачите со сликите а да добиете најдобар квалитет, тогаш проценките на DxOMark треба да ги земете предвид.
Моделите кои се наоѓаат на врвот се обично и најскапите, но листата се прави според квалитетот на фотографијата а не според цената на телефонот. Моментално најдобра камера на светот има Huawei P20 Pro, кој според цената е далеку поевтин од вториот на листата, iPhone XS Max. Пријатно изненадување претставува по малку заборавениот HTC U12+ за кој велат дека има подобра камера од Samsung Galaxy Note 9, додека меѓу најдобрите пет се наоѓа и Huawei P20. Оваа листа до крајот на годината може да се промени, интересно ќе биде да видиме на кое место ќе се најдат новите Pixel 3 и 3XL, како и Mate 20 и Mate 20 Pro.
Погледнете ја листата на најдобрите 20 во моментов.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени