Топлотен бран во Грција – мерки за заштита на граѓаните
Топлотен бран со екстремно високи температури што ќе достигнат до 43 степени Целзиусови од денеска до петок ќе ја зафати Грција, а надлежните министерства објавија мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои можност за работа од дома за државните службеници и препораки за учениците.
Од Министерството за внатрешни работи на Грција, надлежно и за јавната администрација, соопштија дека државните службеници кои припаѓаат на ранливите категории треба да работат од дома, но истото се препорачува и за останатите, доколку е изводливо.
Со оглед на тоа дека во одредени училишта во следните денови се полага државна матура, но и завршни испити за учениците, преку циркулар од Министерството за образование, се информираат директорите да се погрижат за мерки за заштита, како што се користеење училници што имаат клима или вентилатори, да се избегнуваат активности на сонце, да обезбедат вода и сокови за учениците и сл.
Според грчките метеоролози ова е првиот топлотен бран во првата половина на јуни во последните 50 години.
Волонтери од црвениот крст во центарот Атина и во четири други градови поставија штандови на кои делат вода и ги информираат граѓаните како да се заштитат од високите температури, а општините отворија климатизирани простории.
Во текот на вчерашниот ден во централна Грција беа регистрирани највисоки температури од 38 и 39 степени, додека според прогнозите, четврток се очекува да биде најтоплиот ден со температури до 43 степени.
Паралелно, поради високите температури, зголемена и опасност од пожари.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји