-->
-->
Топол бран од утре во државава
-->
Под влијание на топол бран следните три дена Република Северна Македонија ќе ја зафати многу топло време, кога температурите на повеќе места ќе надминат 35 степени.
Како што информираат синоптичарите, од утре следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален
пороен дожд и грмежи.
Времето во земјава утре ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 , а дневната температура од 27 до 36 степени.
Во Скопје утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците