Торонто ја продолжи соработката со тренерот Нурс
Торонто не успеа да ја одбрани титулата, но тоа не го спречи раководството на единствениот канадски тим во НБА и единствениот шампион во најсилната лига во светот надвор од САД да ја продолжи соработката со тренерот Ник Нурс.
– Нашата самодоверба во Ник продолжува да расте, а дел од тоа доаѓа од она што го доживеавме заедно. Изминатите две сезони не беа слични на ниту една во историјата на нашиот тим. Прво, го освоивме шампионатот, а потоа се боревме против глобалната пандемија и продолживме да се залагаме за борба против расизмот и социјалната правда. Ник докажа дека може да тренира на теренот и да биде лидер во животот. Со нетрпение очекуваме да постигнеме големи работи во иднина, рече претседателот на Репторс, Ујири Масаи.
Во неодамна завршената сезона за Торонто, Нурс ги предводеше Репторс до скор 53-19 во текот на регуларниот дел од сезоната (втор најдобар во НБА) и рекорд на франшизата со 73,6 проценти успех, додека тимот стигна барем до полуфиналето на Источната конференција петта година по ред.
– Моето семејство и јас секогаш ќе ги цениме Лари Таненбаум и МЛСЕ (сопственици на франшизата) за оваа можност. Благодарен сум на Масаи, Боби и играчите за нивната доверба и напор. Торонто е мојот дом во последните седум години и се радувам на тоа што ќе биде во иднина. Гледав како франшизата расте и го достигнува својот врв, па едвај чекам нови можности за освојување на уште една шампионска титула, рече Нурс.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
