Македонија
1. August 2024 - 15:14

Тошковски: Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР

Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР, објави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил.

- Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година, напиша министерот Тошковски.