Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржал работен состанк со меѓуресорската работна група, составена од членови на МВР и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.
-Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град“. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцирал Тошковски.
Како што соопшти МВР, министерот истакнал дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина