Македонија
21. November 2015 - 8:43

„Тоска“ во Македонската опера и балет

Македонската опера и балет вечер ќе ја изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини. Ќе настапи хорот на МОБ под диригентство на Бисера Чадловска.

- Ова ремек-дело на Пучини е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на движењето за обединување на Италија, соопшти МОБ.

Во трите главни лика ќе настапат првенците на Операта: Весна Ѓиновска-Илкова (Флорија Тоска), Цветан Стојановски (Каварадоси) и Борис Трајанов (Скарпија).

Во останатите улоги ќе учествуваат: Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Диме Петров, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ.