Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија

Товарен воз на компанијата „Трансагент“, натоварен со жито, излетал вчера од шините на влезот во железничката станица Меја кај Риека, при што 11 вагони завршија во провалија, соопштија хрватските власти. Во несреќата нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета, поради што станицата е затворена за сообраќај.
Како што соопшти компанијата „ХЖ инфраструктура“, несреќата се случила вчера утрото во 9:25 часот додека возот се движел кон Риека. Според досегашните информации, машиновозачот непосредно пред излетувањето го известил диспечерот дека на возот му откажале сопирачките и дека не може да го запре.
Набргу потоа, композицијата излетала од шините на самиот влез во станицата. Единаесет вагони паднале во провалијата, додека локомотивата и два вагона останале на пругата во станицата.
Поради обемот на штетата и отстранувањето на последиците од несреќата, железничката станица Меја останува целосно затворена за сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за продолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
