Трагедија: 25 годишен студент извршил самоубиство скокајќи од зграда

Дваесет и пет годишен јужнокорејски студент кој извршил самоубиство со скок од 20. кат на зграда, паднал врз маж кој си одел дома со својата бремена сопруга и синот и го убил, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случила вчера во градот Гвангју на југот од Јужна Кореја, кога 25 годишниот студент од огромна височина паднал врз 38 годишниот службеник – пренесе Франс прес.
Во моментот на несреќата 38 годишниот маж си одел накај дома со сопругата која е во осмиот месец од бременоста, и со нивниот пет годишен син.
И двајцата мажи веднаш биле пренесени во болница но ниту еден не преживеал – тврди јужнокорејската агенција Јонхап.
Полицијата објави дека ќе подигне обвинение против самоубиецот за убиство од небрежност, за семејството на загинатиот службеник да може полесно да ги подигне парите од осигурувањето…
Јужна Кореја има највисока стапка на самоубиства во светот. Ова не е прв случај кога покрај самоубиецот, самоубиствата носат и други жртви. Во мај 2013 година, 39 годишен маж кој се фрли од 11-от спрат на висококатница, падна врз петгодишно девојче кое поради повредите подоцна почина во болница.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
