-->
-->
Трагедија го потресе Тетово: Загина млад моторциклист
-->

Моторциклист го загубил животот по тешката сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случила на булеварот „Маршал Тито“ во близина на железничкиот надвозник на излез од Тетово.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, тетовчанецот Е.А.(26) од засега неутврдени причини загубил контрола на моторциклот што го управувал и што бил без регистарски таблички, по што удрил во заштитната метална ограда. Од ударот тој се задобил со тешки телесни повреди и веднаш бил однесен во тетовската Клиничка болница, но лекарите само ја констатирале неговата смрт.
- Полицијата го обезбедува местото каде што се случила сообраќајната несреќа и заедно со јавен обвинител ќе изврши увид за утврдување на причините, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
