Трагедија: Испратил последна порака, соседот ги најде смрзнати синот и таткото
Оваа порака ја испрати несреќниот човек во саботата наутро, но продуктите кои ги порача не успеа да ги дочека зошто соседот четири дена не можел да се пробие до него.
-Гоци, тешко време, има наноси, ти ако можеш донеси месо за скара, сок, некое пиво и леб,,,-оваа потресна порака ја испратил 64 годишниот Мирослав Митиќ од селото Дуга Пољана на својот сосед Горан Филиповиќ кој го снабдувал со продукти.
Филиповиќ утрово пробивајќи се низ снежните наноси со порачаната стока успеал да дојде до Дуга Пољана, но Мирослав и неговиот татко Илија (82) ги затекнал смрзнати.
-Пораката од Мирослав ми стигна во саботата навечер, но патот до Дуга Полјана беше завеан и дури утрово едвај успеав да се пробијам до тоа село. Тргнав со кола, но ланците ми се искинаа и тргнав пеш. Му ѕвонев на Мирослав на телефон да ме пресретне зошто снегот беше длабок, но нивната куќа целосно беше затрупана и никој не се јавуваше.
-Кога пријдов до куќата се шокирав, го видов како лежи на влезната врата...Беше полугол, веројатно излегол да изврши нужда надвор и тогаш му се слошило. Влегов во собата и го затекнав неговиот татко и тој беше мртов, ја опишува Филиповиќ страотната слика што ја затекнал во куќата на ова семејство.
Соседот Горан веднаш повикал полицијата која извршила увид.
Ново на Сител
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Судијка и сопружници сопственици на ланец аптеки обвинети за фалсификување документи и имотна измама
-
Министерката Димитриеска - Кочоска на Форумот „Инвисо“ во Виена
-
Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции
-
Без вода улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“
-
ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција
-
Во Белград нападнати студенти кои ги блокирале факултетите, шестмина пренесени во болница
-
Трамп: Многу скоро ќе се сретнам со Путин