-->
-->
Трагедија на македонските патишта
-->

Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 50 минути, на регионалниот пат Р1-103 кај крстосницата 20-ти км-Неготино, пронајден е излетан надвор од патот 59-годишниот Т.К. од Радовиш.
Полицијата информира дека возачот управувал патничко моторно возило „Форд Мондео“, со штипски регистарски ознаки. Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а над возилото е извршен преглед од страна на вештак заради утврдување на техничка исправност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
