Трагедија: Синиша се јавил на сопругата, побарал да се слушне со синовите па загинал во сообраќајка
Во вчерашниот судар на автопатот во Унгарија, загина возачот на автобус Синиша Станојевиќ (60) од околината на Парачин, двајца патници се потешко повредени, а 16 полесно. Според последните информации, еден од потешко повредените патници има повреда на градниот кош, две повеќекратни скршеници, и тие со хеликоптер се префрлени во најблискиот медицински центар во Будимпешта. Станојевиќ, сите кои што го познаваат, бил искусен возач со долг стаж.
Неутешената сопруга на Синиша, Весна во куќата во Смиловци, ги дочекува роднините и комшиите.
„Тргна од дома околу 1:30 часот за Парачин, затоа што во 2:30 требаше да тргне за Австрија. Последен пат се слушнавме некаде околу девет часот, пред границата. Имаше обичај пред да влезе во роаминг, да ме побара и да се слушне со синовите или внуците. Се беше во ред. Читаме дека можеби доживеал инфаркт зад воланот, а Синиша немаше никакви здравствени тегоби, дури ни висок притисок. Беше здрав човек. Со него беше и колегата Радоје Рајиќ“, се присетува сопругата Весна.
Станојевиќ вози уште од 1980 година, а од 1986 до 2001 работел во „Ниш експрес“. Година дена подоцна премина да работи за „Еуролин“ во Парачин.
„За несреќата дознавме од еден од сопствениците на „Еуролин“, кој не повика веќе во 13 часот. Од фирмата во неделата попладне веднаш по несреќата заминаа за Унгарија. Сопругот и деверот се во Парачин за да дознаат уште некои детали.
Мислам дека ќе биде потребно четири или пет дена да се доопреми телото на свекорот. Дури тогаш ќе биде одреден терминот за погреб, кој ќе се случи овде во Смиловци“, додава снаат на Синиша, Јасмина.
Синовите на овој искусен возач Далибор и Дејан, се исто така возачи. Семејството Станојевиќ од возачката работа направиле угледно домаќинство. Синот Дејан, штом слушна за трагедијата, веднаш долета од Франција.
„Сите научивме да возиме со негова помош. И синовите и снааите. Многу ќе ни недостига, а најмногу на внуците и внуките“, вели снаата Јасмина.
Синиша го фалеа и комшиите од Смиловци, Скорице, Брачино…
„Беше врвен возач. Сериозен човек со многу искуство. Кој знае што се случило таму на патот, за да дојде до судар“, велат соседите.
Телото на возачот ќе биде испратено на обдукција, а кога ќе заврши, фирмата „Еуролин“, ќе организира пренос на неговото тело во Србија, изјави претставникот на оваа агенција Дејан Шувалија.
Според неговите зборови, унгарската полиција уште не ги утврдила сите околности поради кои дошло до несреќата.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад