Трагедија: Спаси го бебето, ми рече таткото кој остана под вода заедно со своето семејство
Ова е една од најстрашните трагедии што ќе ги слушнете денеска. Минатата сабота, шесточлено семејство се превезувало покрај пристаништето во Ирска, кога нивното возило паднало во водата.
За среќа во близина се наоѓал сведок, кој веднаш скокнал за да ги спаси. За жал не успеал сите да ги спаси.
Кога видел дека паднало возилото, Давид се соблекол и се нурнал во водата во обид да ги спаси. Кога стигнал до возилото, таткото му пружил бебето. Низ прозорецот од автомобилот што тонел тој му го подал бебето и тоа е единствениот преживеан од оваа трагедија.
Рут Данијелс (57), нејзината 15- годишна ќерка, Шон МекГроти (46) партнерот на Рут, како и двете нејзини внучиња од другата ќерка, 12-годишниот Марк и Еван (8) загинаа кога нивното возило слета во водата.
Спасителот усепал да фати за рака едно од децата и се обидел да го извлече. Трагично, не успеал да го извади низ прозорецот и морал да го пушти.
Давид рекол:
-Водата влезе внатре и следната работа што се случи е што таткото ме погледна и ми рече: Спаси го бебето, и автомобилот потоа. Се уште го држев детето за рака и морав да по пуштам. Веројатно ногата му се заглавила внатре или нешто слично и за малку не можев да го извлечем, вели тој.
Исто така раскажа дека таткото имал шанса да излезе од возилото. Беше делумно излезен надвор, но веројатно донесе одлука да остане во водата. Изгледа одлучи да умре со семејството отколку да живее без нив.
Погледнете ја приказната на овој херој овде:
Ново на Сител
-
Падна одлука: Откупната цена на винското грозје зголемена за 25%
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Заврши состанокот со откупувачите на винско грозје: Каков е исходот?
-
Левица со интерпелација за Гаши по инцидентот на аеродромот - од ВМРО-ДПМНЕ не сметаат дека е потребна смена на спикерот
-
Пругата кон Солун е приоритет
-
Левица со интерпелација за Гаши по инцидентот на аеродромот - од ВМРО-ДПМНЕ не сметаат дека е потребна смена на спикерот
-
Вјоса Османи: Заедничката прес-конференција на Мицкоски и Курти беше за жалење
-
МВР постапува по индициите дека се спрема дестабилизација на државата