-->
-->
Трагедија во авто- работилница- маж починал додека поправал автомобил
-->
Во механичарска работилница на улица „Иво Лола Рибар“ во Прилеп Ѓ.А.(65) од Прилеп вршел поправка на патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на С. Д., при што од непознати причини избувнал пожар во возилото. Ѓ.А. со црево се обидел да го изгасне пожарот, но во еден момент паднал во безсознание. Од екипа на Итна медицинска помош Ѓ.А. е пренесен во Медицински центар Прилеп каде е констатирана смрт. Од обавен разговор дознаено е дека починатиот боледувал од срце. Од страна на Противпожарна екипа Прилеп пожарот е изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
