Македонија
16. November 2016 - 13:19

Трагедија во катната гаража „Солунски конгрес“: Мајстор за лифтови падна од 8 кат

Трагедија се случи во Скопје во катната гаража „Солунски конгрес“. Мајстор за лифтови кој бил повикан да го одглави лифтот, паднал од осми спрат синоќа во 17 часот и 30 минути. Тој во еден момент додека работел, се лизнал и паднал од големата висина на бетонски под.

Мајсторот бил веднаш пренесен во болница во безсознание, каде и покрај напорите на лекарите починал поради сериозноста на повредите.