Македонија
16. March 2025 - 7:06

Трагедија во Кочани: Се запали дискотека, има жртви

Голем пожар избувна ноќеса во дискотеката „Пулс“ за време на концерт. Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе.

Има инфотмации за повредени и жртви. Спасувачката акција се уште трае. Вклучени се и цивилни возила поради голем број на повредени, објавија Радио Кочани и ТВ Кочани.

На социјалните мрежи се шират повици за помош во болницата во Кочани, со оглед дека имало како што се вели недостаток на медицински материјали и лекови.