-->
-->
Трагедија во Велес: Маж падна од висина од 10 метри - почина на лице место
-->
Велешанец паднал од висина од 10 метри, починал на лице место. Како што информираат од МВР, вчера околу 08.40 часот било пријавено дека на улица „Богдан Прличков“ во Велес, додека Б.Ѓ.(72) ги полевал дрвјата во дворот, се лизнал и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи. Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?