Балкан
29. December 2016 - 22:08

Трагичен крај на потрагата: Реката го исфрли телото на тинејџерот исчезнат пред 2 месеци

Телото на Драгутин Радовановиќ (17) е најдено пред повеќе од две недели на левиот брег на Дунав, и по потврдата на идентитетот, погребан е во понеделникот на гробиштата во Бежанија.

Драгутин исчезна на 25. октомври навечер, кога последен пат е виден кај Младинскиот дом. Се упатил кон Нов Белград, а потоа неколку минути подоцна на својата девојка и испратил смс порака со која го навестил самоубиството. Неговиот телефон од тогаш беше исклучен, а семејството, мајката и сестрата со сомневале дека скокнал од Бранковиот мост.
Рибарите рекоа во полиција дека таа ноќ виделе момче како скокнало од мостот, рече неговата мајка за „Блиц“.
 

Сестрата Теодора Савиќ, вели дека од тој ден сите стравувале дека се случило најлошото и чекале вест од полицијата.