Македонија
15. July 2022 - 12:23

Трајанов до Шкријељ: Разберете дека Македонците си ја сакаат Македонија повеќе од се

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов на денешната собраниска седница на која се дискутира францускиот предлог на пратеничката  Санела Шкриељ и порача дека со прифаќање на овој предлог власта ја носи државата во слепа улица и Македонија нема никогаш да стане дел од ЕУ.

- Санела дали ќе прифатиш дека босанскиот јазик е дијалект на српскиот? Јас не можам да прифатам дека македонскиот јазик е дијалект и норма на бугарскиот, затоа ова нема никогаш да помине и затоа со вашиот договор вие не предизвикувате, не носите во слепа улица каде што никогаш нема да станеме дел од ЕУ, тоа е проблемот. Не можете да разберете дека ја втурнувате Македонија во амбис, ја втурнувате во слепа улица од која нема излез, рече тој.

Трајанов потенцираше дека Македонците си ја сакаат Македонија повеќе од се.

- Разберете едно, Македонците си ја сакаат Македонија најмногу од се и повеќе од се. Но, вие со овие потези ја зацртувате историјата на Македонија повторно во негативна смисла, а ние сме тука да се бориме и ова нема никогаш да успее, додаде тој.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ