Македонија
1. September 2016 - 13:21

Трајанов: ДС ќе учествува на изборите

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов денеска соопшти дека ќе учествуваат на парламентарните избори закажани за 11 декември и ги повика политичките партии, граѓански асоцијации и поединци да се здружат во Коалицијата за промени и правда.

- Демократскиот сојуз подготви Изборна Програма „ПРОМЕНИ, ПРАВДА, ПРОГРЕС“, во која се вградени голем број на идеи од граѓанските организации кои подготвија предлог на итни демократски реформи, истакна Трајановски, додавајќи дека изборите се последна шанса за да се спаси државата од, како што рече, криминалот и корупцијата.  

Според ДС, власта не спровела суштински реформи за партиите да имаат можност да ги презентираат своите платформи и проекти за излез од кризата.